Сметките за струја по Нова Година за најголем дел од домаќинствата ќе пораснат од 57 до 70 денари месечно. Ова е за оние кои помалку трошат. За поголемите трошаџии пак кои влегуваат во трет и во најскапиот четврти блок, ќе пораснат од 370 до 900 денари.

Евтината струја пак од први јануари поскапува за 2,5 отсто. Ова го соопштија регулаторите. Нивната одлука е донесена врз основа на претходно направените пресметки на ЕВН ХОУМ чии проценти беа повисоки.
- За 63,8 проценти од домаќинствата односно 517400 домаќинства имаат потрошувачка само во прв блок за една сметка тука зголемувањето на трошоците е 2,28 проценти, за 169 илјади домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок е 2,59 проценти, за 145 илјади домаќинства кои што имаат потрошувачка во прв втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79 проценти и за 4400 домаќинства е 3,22 проценти, рече Марко Бислимовски- претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Првиот регулатор вели дека ако со крајните одлуки не се задоволни од ЕВН ХОУМ, можат да ги обжалат пред Управен суд. И покрај тоа што има намалување на цената за пренос и дистрибуција, 200 денари кои се плаќаат за пристап до мрежа остануваат.
Исто така, регулаторот предупреди на дополнително поскапување на струјата ако Уставен суд донесе одлука да ги укине блоковите кои се воведоа за време на енергетска криза.
На малите потрошувачи Бислимовски им препорача да излезат на слободен пазар и од таму да се снабдуваат со струја.
- На сите овие мали потрошувачи им се дава сигнал на слободен пазар за електрична енергија каде ќе обезбедат цени ан струја од 30 до 40 проценти по ниски отколку тие што ги обезбедува ЕСМ, истакна Марко Бислимовски – претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Со ова Бислимовски смета дека ЕСМ ќе биде по активен на слободен пазар и ќе може повеќе да заработува со што ќе ги подобри и своите финансиски резултати кои не се најдобри веќе извесен период. Исто и да понуди некоја пристојна цена и да ја откупува струјата од фотоволтаиците кои ги има во земјава.
Во однос на тоа дали се создадени доволно услови за прогласување на кризна состојба на пазарот со струја Бислимовски конкретно не одговори. Кажа дека сите кои се надлежни се надева дека добро ја следат состојбата и дома и надвор од земјава, врз основа на која ќе ја донесат одлуката.
Ирена Чачкова во живо се јави во Вестите на Телма во 15.30
Б.С.











