Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зибери бара решение за загадувањето во Струмица, градоначалникот Костадинов вети нови зелени површини во општината

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Како до помалку загадување, почиста животна средина и поздрави граѓани. На оваа тема разговараа Народниот правобранител и градоначалникот на Струмица. На средбата во Струмица, омбудсманот ги истакна овие теми како исклучително важни за градот и порача дека мора да се најдат начини да се намали загадувањето кое е горлив проблем во зимскит период.

Струмичкиот градоначалник Костадинов вели дека се свесни за високата загаденост во зимскиот период и затоа општината предлага оформување на нови огромни површини под зеленило, како и воведување на градски превоз со електрични автобуси.

Зимскиот период Струмица покажува висока концентрација на пм10 честички во воздухот. Како главни виновници се посочуваат сообраќајот, домаќинствата но и индустриските капацитети.