Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златен петел и крст на врвот – откриена новата кула на катедралата Нотр Дам во Париз

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Новата кула на катедралата Нотр Дам во Париз е откриена со златен крст и петел со златни перја на врвот кој го симболизира воздигнувањето на средновековната градба од пепел.

Најголем дел од скелињата околу кулата се отстранети по пет ипол години од пожарот. Се претпоставува дека процесот на отстранување на преостанатите ќе трае со недели, можеби и месеци, пренесува „Јуроњуз“.

Новата кула на катедралата со златен крст и петел беше заштитена со 70.000 парчиња на скелиња, тешки околу 600 тони, објави „Си-Би-Ес њуз“.

Отворањето на катедралата е најавено за 8 декември во 2024 година, повеќе од три месеци по Летните Олимписки игри во Париз.

Луѓето ширум светот собраа над милијарда долари помош за обнова на Нотр Дам по големиот пожар што избувна во 2019 година кој, како што сметаат истражителите, бил предизвикан од краток спој.