Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Значителна промена на времето – Временска прогноза за 25.11.2023

/

пред 1048 дена

Сподели преку :

Облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 9°C, а максималната од 6 до 13°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

1 Лазарополе, 3 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Гевгелија, Берово, 5 Охрид, Претор, Демир Капија, Кавадарци, Крушево, 6 Битола, 7 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Дебар, Дојран, 8 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Штип, Виница, Струмица, Велес.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Гевгелија, 7 Дојран, 4 Струмица, 2 Берово, 1 Маврови Анови, Штип, Демир Капија, Дебар, Попова Шапка, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 10.5, Дојранско Езеро 13.8

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/