Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗНАМ не очекуваат смена на нивни министри со реконструкцијата – нејасна судбината на министерот за труд Лимани

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Во пресрет на најавената владина реконструкција, од Движење ЗНАМ не очекуваат смена на нивните кадри. Задоволни се од нивната работа и велат дека им е најважна имплементацијата на политиката на владата во чија програма е и нивната платформа.

Се очекува со реконструкцијата најмногу рокади да има на министрите на ВМРО ДПМНЕ, а промени ќе има и кај „ВРЕДИ“ во кој деновиве се обединија повеќе партии. Останува нејасно, што ќе се случи со позицијата на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој ја напушти партијата, но остана министер. Ништо не е појасно ниту од денешниот одговор на премиерот на прашањето, дали ќе продолжи соработката со Лимани?

Заменик-премиерот Беким Сали деновиве, пак, изјави дека реконструкцијата на извршната власт се очекува во средината на јуни, и тоа во повеќе ресори. Копретседателот на „ВРЕДИ“, Биљал Касами, пак, изјави дека поради односите на Лимани со премиерот Мицкоски, имало бројни телефонски разговори и барања за појаснување од партиските структури.

Тој смета дека, со самото исклучување на Лимани од партијата, тој веќе се исклучил и од владата како предлог на „ВРЕДИ“, а со истиот став е и Изет Меџити. Што ќе се случи понатаму политички, не знаат, но и тие ќе се држат до првичниот договор со премиерот. Лимани, пак, себеси се претставува како „министер на народот“ во рамки на коалициското владеење, но не потврдува дали ќе остане на функцијата и по реконструкцијата.

Далиборка Демјанска Цветановска