Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗНАМ обезбеди поддршка од Вреди за Лабудовиќ во вториот круг на гласање за Центар

/

пред 359 дена

Сподели преку :

Вреди ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ во вториот круг на локалните избори, соопшти ЗНАМ. Соработката, како што се наведува, била официјализирана на вечерашната средба со локалните жители на Кале и Дуќанџик на која присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

„На средбата на која, покрај Лабудовиќ, присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, како и генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев. Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.

Ова е втора ваква подадена рака за соработка меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и Вреди, по вчерашното официјализирање на поддршката за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски.