Кандидатот за градоначалник за општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски вели дека Мицкоски и Котлар воопшто не знаат кои се приоритетите и проблемите на граѓаните кои живеат кај Зелен пазар.
Наместо да понудат решение за жителите околу пазарот, излегуваат со ветување кое дополнително ќе им го отежне секојдневието.
На граѓаните кај Зелен пазар ќе им го решиме проблемот со хигиената и хаосот кој се создава од пазарџиите кои продаваат надвор од тезгите.
Најстрого ќе се санкционира и редовно контролира нарушувањето на мирот на граѓаните, продажбата на диво и валкањето на околината.
Герасимовски: На граѓаните кај Зелен пазар ќе им го решиме проблемот со хигиената и хаосот
Ќе ги исчистиме и уредиме подземните паркинзи и ќе воведеме целосен ред во паркирањето, ветува Герасимовски.











