Во Тетово денес Движењето Беса одржа марш низ градските улици, кој го предводеше кандидатот за градоначалник, Биљал Касами, заедно со претставници на Алијанса за Албанците.
„Со победничкиот марш ги заокружуваме нашите двонеделни активности за вториот изборен круг, кои покажаа дека имаме најсериозна понуда за разлика од актуелното раководство на Општина Тетово”, истакна Касами.











