Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Решенијата за изолација ќе бидат објавувани на веб страната на ДСЗИ и во Службен весник

/

пред 1706 дена

Сподели преку :

На денешната седница владата донесе заклучок решенијата за изолација на лицата кои се позитивни на Ковид-19, или имале контакт со лице позитивни на Ковид-19, да бидат објавувани на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок.

Од владата тврдат дека оваа измена се воведува за да се скрати рокот на издавањето на ваквата мерка, поради зголемениот број граѓани на кои им се определува мерка изолација, но и поради намалениот број денови за изолација. Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на Ковид-19.

За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните.

Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација.