Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО: Намалена смртноста од Ковид-19 за 20 отсто

/

пред 2053 дена

Сподели преку :

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од Ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на претходниот еднонеделен просек.

Тенденцијата на намалување на смртноста трае веќе шест недели по ред, се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО.

Падот на зачестеноста од заразување со коронавирус е посебно видлив во земјите од северна и јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет отсто) и во Европа (седум проценти), а намалување на смртноста е регистрирано во Африка (20 отсто) и во југоисточна Азија (шест проценти).

Во северна и јужна Америка во изминатите седум дена се потврдени околу 1,06 милиони новозаразени и над 34.000 починати, а во Европа над 939.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот и повеќе од 24.000 починати лица.

Бројот на новозаразени се зголеми во текот на изминатата недела во САД и изнесува над 480.000, а на второ место се наоѓа Бразил со повеќе од 316.000 нови случаи на Ковид-19.

Во изминатите седум дена во Франција се евидентирани околу 131.000 новозаразени, во Русија над 92.000, во Индија повеќе од 86.000, Велика Британија над 78.000, Шведска околу 65.000 и во Иран речиси 55.000 инфицирани луѓе