Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче најавува дека Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината на Фајзер

/

пред 2110 дена

Сподели преку :

Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината на Фајзер/ Бионтек, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека денеска попладне бил постигнат директен договор со компанијата а количината ќе биде позната во текот на наредните недели.

По февруари, следните дози од оваа вакцина се очекуваат во март и април.

Одговорајќи на пратеничко прашање на Димитар Апасиев од “Левица”, Филипче потврди дека рускиот амбасадор во нашата држава ја понудил и вакцината Спутник 5, но во периодот кога таа се уште била во фаза на тестирање и кога не бил целосно завршен процесот на нејзино одобрување.

Сепак, Филипче најави дека и руската вакцина ќе биде дел од програмата Ковакс механизмот и системот со кој ќе бидат дистрибуирани вакцините во Европските земји, па така се очекува да  биде доставена и во нашата земја.