Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

153 новозаразени со Ковид-19 и 13 починати

/

пред 1800 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по  2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени  две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.