Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Масовни протести во Бугарија

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Десетици илјади луѓе се придружија на масовните протести во поголемите градови низ Бугарија синоќа, обвинувајќи ја владата за спонзорирање на широко распространета корупција.

Демонстрациите доаѓаат откако минатонеделниот бран протести беше предизвикан од буџетските планови на бугарската влада за повисоки даноци, зголемени придонеси за социјално осигурување и зголемување на трошоците.

Барањата на демонстрантите оттогаш се проширија и вклучуваат повици за оставка на централно-десничарската влада на премиерот Росен Жељазков.

-Ние не протестираме само против буџетот – бараме соборување на владата поради нејзината неодговорност, небрежност и срамот што ѝ го донесе на Бугарија, изјави  Георг Петров, студент на Националната уметничка академија.

-Искрено се надеваме дека нашето дејсвување ќе доведе до вистински промени. Она што можам со сигурност да го кажам е  дека нема да застанеме. Подготвени сме да продолжиме со активни протести, обединувајќи студенти од цела Бугарија и од странство. Наскоро ќе ги видите нашите акции, но од нас зависи да го демонтираме корумпираниот модел изграден од Борисов и Пеевски – затоа е создадено нашето здружение, порача Александар Танев, лидер на студентското здружение „Студенти против мафијата“.