Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.

Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето. Објави и дека убиениот е застрелан во возило „киа“ во движење, а познати се и иницијалите на напаѓачот.

Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, велат од МВР. 

Претходно, Министерството за внатрешни работи објави дека случајот е пријавен во полицијата околу 10:15 часот, а се случил на влезот во селото Батинци, каде едно лице пукало во друго лице.
Од обвинителството информираат дека дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага.
Миомир Серафиновиќ