Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Распишани избори во Хрватска за Европскиот парламент на 9 јуни

/

пред 926 дена

Сподели преку :

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска ги распиша изборите за членови на  Европскиот парламент, кои ќе бидат одржани на 9 јуни.

Хрватска во Европскиот парламент има 12 пратеници.

Во хрватските медиуми се шпекулираше дека претседателот Милановиќ ќе се кандидира за член на Европскиот парламент, но тој денеска го негираше тоа.

Во Хрватска оваа година ќе се одржат три изборни циклуси, парламентарни кои ќе се одржат на 17 април, европските избори кои ќе се одржат на 9 јуни, а датумот за претседателските се уште не е одреден, но се очекува тоа да биде кон крајот на годината или почетокот на наредната