Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австралиските власти: Немаме податоци за бројот на жртвите по ерупцијата во Тонга

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Австралиските власти денеска објавија дека нивните првични извештаи сугерираат дека нема повеќе жртви на островите во Тонга откако подводниот вулкан предизвика цунами, но додадоа дека е направена значителна штета на патиштата и мостовите на островот во Тихиот Океан.

Подводен вулкан во водите на Тонганските острови еруптираше во саботата, па беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија. Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави“.

„Во моментов, за среќа, немаме податоци за бројот на жртвите, што е очигледно многу добра вест. Но, сè уште имаме многу ограничени, доколку ги има, информации кои доаѓаат од надворешните острови“, рече министерот Зед Шешеља за Би-Би-Си.

Австралија испраќа авиони за да ја процени ситуацијата, додека пацифичките нации и хуманитарните агенции почнаа со напорите да помогнат. Новозеландските сили ќе учествуваат и во проценката на штетата во Тонга.

Комуникациите со Тонга се уште се прекинати. Од вулканот висок 20 километри во петокот почна да се исфрла пареа, гас и пепел. Погодената област е со дијаметар од 260 километри. Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од бранови кои го обвиткуваат брегот и куќите.