Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австриското министерство за одбрана отпушти антиваксерка поради учество на протести и ширење теории на заговор

/

пред 1810 дена

Сподели преку :

Австриското Министерство за одбрана отпушти припадничка на австриската армија откако таа учествуваше во протести на антиваксери и шири теории на заговор, повикувајќи на отпор кон епидемиолошките мерки.

Отпуштената на својот Фејсбук профил повикува на отпор кон „корона диктатура“, како и на демонстрации против вакцинацијата, а преку социјалните мрежи шири теории на заговор. Се работи за офицер на австриската армија која до неодамна беше вработена во Министерството за одбрана како советник.

Портпаролот на МО Михаел Бауер изјави дека институцијата го раскинала договорот за вработување на жената, во согласност со законскиот рок од пет месеци, бидејќи таа ги прекршила работните обврски.