Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Австрија воведе задолжителна вакцинација против ковид од 1 февруари

/

пред 1782 дена

Сподели преку :

Австрија го прошири заклучувањето за ковид на целата нејзина територија и ја направи вакцинацијата задолжителна од 1 февруари.

Новите мерки ги најави канцеларот Александар Шаленберг. Тоа доаѓа по разговорите со регионалните гувернери.

Претходно Виена објави национално заклучување за невакцинираните. Тоа сега е проширено и важи за сите.

Најновите податоци покажуваат дека инфекциите со ковид во Австрија се зголемени во последните недели. Дневните случаи се тројно зголемени, а стапката на инфекција по глава на жител во земјата е највисока досега оваа година.

Околу 64-66% од населението во Австрија се целосно вакцинирани против коронавирусот. Засега, се чини дека вакцинацијата ги намали смртните случаи.