Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобусот во кој загинаа 45 македонски државјани отстранет од автопатот Струма во Бугарија

/

пред 1775 дена

Сподели преку :

Под силно полициско обезбедување, доцна попладнево е отстранет запалениот автобус од автопатот Струма во Бугарија.  Сообраќајот кон Дупница се одвива по обиколницата, а е регулиран од полицијата.

Министерот за транспорт Бочварски попладнево соопшти дека автобусот во кој загинаа 46 македонски патници, враќајќи се од Истамбул, всушност немал лиценца за меѓународен превоз, поточно му била истечена и не извадил нова. Истиот автобус не бил ниту регистриран дека ќе сообраќа на релација Македонија – Турција. Тој патувал во групата со уште три автобуси, кои имале лиценца за превоз на патници.

Поведена е постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“. Се испитува како авотбусот без лиценца минувал граница и кој е виновен за тоа. Последниот технички преглед е направен минатиот месец. ДНК материјали од роднините на настраданите испратени во Софија за идентификација.

Истрагата се уште е во тек за причните за несреќата.