Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алихан Смаилов е нов премиер на Казахстан

/

пред 1726 дена

Сподели преку :

Претседателот на Казахстан Касим Комерт Токаев на пленарната седница на Собранието на Казахстан ја претстави кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција.

Смаилов беше изгласан со мнозинство гласови од сите пратеници на политичките партии, со што стана 12-ти претседател на Владата на земјата.

Смаилов кој беше прв вицепремиер во претходната влада, го презеде привременото претседателство на владата на 5 јануари, кога владата предводена од поранешниот премиер Аскар Мамин поднесе оставка по протестите против поскапувањата на горивото во земјата.

Во својот прв говор како премиер по гласањето, Смаилов му се заблагодари на претседателот Касим Комерт Токаев и неговите заменици што му ја дале довербата во тешко време.

Наведувајќи дека негова примарна должност е да обезбеди макроекономска стабилност и да ја намали инфлацијата во земјата, Смаилов рече дека „Сите законски барања на граѓаните ќе бидат евидентирани и имплементирани“ – истакна Смаилов.