Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анализите на водата од браната Мантово треба да покажат зошто позелене водата во ова вештачко езеро – екологистите обвинуваат дека причина е работата на рудникот Боров Дол

/

пред 1738 дена

Сподели преку :

Позелене водата во радовишкото езеро Мантово. Зелен слој во водата ги вознемири сопствениците на викенд куќи и рекреативците од околината. Фотографиите ги објавија и активистите против рудници од Југоистокот. Тие обвинуваат дека водата е позеленета поради активностите од рудникот Боров Дол.

Државниот инспекторат за животна средина направи два вонредни инспкециски надзора. Констатирано е дека при вториот инспекциски надзор водата има поинтензивно обојување од претходниот. Во браната немало видливи истекување ниту прашина, но земени се примероци од водата од 5 различни места коишто ќе треба да покажат што се случува со водата во Мантово. Истовремено, Инспекторатот го задолжило рудникот Боров Дол да ги достави резултатите од извршените мерења на квалитетот на водата од Брана Мантово, во рок од 10 дена, а резултатите од земената мостра од камен врз кој има наталожено сини и зелени честички да ги достави до  Државен инспекторат за животна средина во рок од 30 дена.

Од рудникот Боров Дол велат дека работат по стандардите што ги предвидува А-интегрираната еколошка дозвола и порачуваат да се почекаат резултатите од земените примероци на водата.

Рудникот Боров Дол почна да испорачува руда до рудникот Бучим во август 2020 година. Неговата намена е да се продолжи економскиот век токму на рудникот Бучим.

Сузана Мицева