Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анкета на М-проспект: Мнозинството граѓани веруваат дека Владата нема да попушти пред притисокот од Бугарија

/

пред 2157 дена

Сподели преку :

54,7 проценти од граѓаните се против бугарските условувања на македонските евро-интеграции. Убедени се дека Владата нема да попушти  пред притисокот на Софија. Но, огромен е јазот во ставовите меѓу Македонците и Албанците. Последната телефонска анкета на М-проспект покажува дека 61,3 отсто од Македонците воопшто или до некаде не се согласуваат со барањата на Бугарија. 44,8 проценти од нив се категорично против, став што го делат три пати помал број Албанци.

Кај оваа етничка заедница, пак, преовладува мислењето дека бугарските услови се прифатливи.  56, 6 проценти од испитаниците Албанци одговориле дека или  целосно или донекаде се согласуваат Владата да прифати се` што ќе испорача Бугарија.

Во однос на македонските црвени линии, пак за клучните историски прашања со Бугарија, најголемиот дел од вкупниот број испитаници  се против сите бугарски условувања. За една петина македонската црвена линија треба да биде  Гоце Делчев. Одговориле, дека, за нив, најнеприфатливо, е признавањето дека тој и припаѓа на Бугарија и на нејзината историја. За 18,3% од граѓаните пак црвената линија е постоењето на македонската нација и пред 1944 година, а 14,9%  не прифаќаат терминот „македонски јазик“ да не се употребува во ЕУ.  Бришењето на квалификацијата „бугарски

фашистички окупатор“ од сите текстови на спомениците е неприфатливо за 6,5% од испитаниците,  а за 4% е неприфатливо Македонија да ја преземе одговорноста за холокаустот на македонските Евреи во втората светска војна. За 45% од етничките Македонци сите изјави се неприфатливи за разлика од етничките Албанци. Само 4,8% го избрале ваквиот одговор.

Најголем број од нив, односно 30,7% црвената линија ја ставиле на македонскиот јазик во ЕУ, а веднаш зад неа постоењето на  македонската нација, покажува телефонска анкета, спроведена од 31 ви октиомври заклучно со вчерашниот ден. За отворените прашања со соседна Бугарија одговориле 1000 испитаници.

Весна Јовановска Дојчиновска