Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анонимуси и објавија војна на руската влада, ги срушија страниците на РТ

/

пред 1682 дена

Сподели преку :

Најголемата хакерска група Анонимус и објави војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина кој трае веќе втор ден.

„Анонимусите официјално се во сајбер војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

 

Хакерските активисти собрани во колективот Анонимуси немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

Синоќа издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што се случи неколку часа подоцна.

 

Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека руски авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди извештаите за руски ракетни напади во Киев.

 

Вчера Анонимуси ја хакираа и ја соборија страницата на државната телевизија на Путин „Раша тудеј“ (Русија денес). Страниците на РТ беа привремено недостапни.