Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација одлучи Камчев да се брани од слобода – прифатена гаранцијата од 11 милиони евра

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Бизнисменот Јордан Камчев излегува од притвор.

Апелација ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра, тој да се брани од слобода во случајот “Плацеви на Водно”.

Апелација денеска одлучуваше по две жалби од адвокатите на Камчев, во кои беше понудена и гаранцијата, најголем дел во недвижен имот, но и пари, и ги уважи жалбите.

Сега, хипотеката на имотот кој е ставен како гаранција треба да се впише во катастар и Камчев, кој сега е на лекување во неговата болница Систина, нема да се врати во затвор.

Пасошот му е одземен, а треба и редовно да се пријавува во судот.

Камчев е во притвор од 14-ти март лани, кога беше приведен под сомнение дека се подготвува за бегство.

Нему му се суди во случајот “Плацеви на Водно”, каде првообвинет е поранешниот премиер,  Никола Груевски кој се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои се купувани плацеви на Водно.

Во противзаконски дејствија, според обвинението, учествувале и Јордан Камчев, неговата мајка Ратка, како и Ристо Новачевски, како и неговиот братучед, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.