Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовска го назначи Златко Перински за нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, известија од прес – службата на Град Скопје.

Оттаму информираат дека Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во седум европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.