Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барбадос прогласен за република, крај на ерата на британската круна

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Барбадос, островска држава во Карипското Море, денеска официјално стана република, што значи дека британската кралица Елизабета Втора повеќе ја нема титулата шеф на таа држава.

На церемонијата на прогласување, на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос.

Барбадос во средината на септември минатата година објави дека има намера да стане република до 30 ноември 2021 година, на 55-годишнината од независноста. Островот со 287.000 жители е под британска власт од 17 век. Познат е по прекрасните плажи и рум и како родно место на пејачката Ријана. Премиерката Миа Мотли за време на церемонијата ја прогласи Ријана за нацонален херој. Барбадос останува република во рамки на Комонвелтот, група од 54 држави.