Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден и Макрон координирано ќе одговорат на руското воено присуство на украинската граница

/

пред 1704 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот француски колега Емануел Макрон во средата се согласија координирано да одговорат на руското воено присуство на украинската граница, соопшти Белата куќа.

Во телефонскиот разговор што се случи откако Макрон не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, „двајцата лидери ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти американската администрација.

Тие разговараа и за „координацијата што во моментов е во тек на дипломатско и на ниво на подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина“.

„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се договорија нивните тимови да бидат во редовен контакт, консултирајќи се и со сојузниците во НАТО и со партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и глобален пристап за решавање на овие прашања“, се наведува во соопштението.

Од крајот на 2021 година, Западот ја обвини Москва дека собрала десетици илјади војници во близина на украинската граница за можна инвазија.

Русија одговара дека нема намера да ја нападне Украина, туку дека само е загрижена за својата безбедност.