Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белград и Приштина постигнаа договор за деескалација на кризата

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

„Имаме договор!“ По два дена интензивни преговори, постигнат е договор за деескалација и напредокот е постигнат – напиша на твитер налогот Мирослав Лајчак – специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина.

Лајчак ги објави и трите точки околу кои двете страни се договорија.

Договорено е Косово да ги повлече од премините Брњак и Јариње специјалните единици на полицијата и во истовреме да ги отстрани блокадите на патиштата. Ова треба да се случи во сабота најдоцна до 16 часот.

Силите КФОР, две недели ќе останат на премините и ќе се погрижат за „безбедно опкружување и слобода на движење“.

А од понеделник, 4 октомври се воспоставува режим за лепенки на автомобилите, а не отсранување на регистраските таблички. Во однос на ова, ќе се формира Работна група, во која треба да има и претставници и на ЕУ, и за шест месеци ќе треба да изнајде трајно решение. Првиот состанок на оваа работна група е најавен за 21-ви октомври.