Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесими: Ескалацијата меѓу Русија и Украина може да има последици врз цените на енергијата

/

пред 1685 дена

Сподели преку :

Министерот за финансии Фатмир Бесими признава дека кризата меѓу Украина и Русија може потенцијално да донесе влошување на европските пазари. Вели тоа се само прогнози и никој прецизно не може да каже што доколку состојбата ескалира.

– Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените, имаме и едно и друго. Други ескалации, зависи во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио, истакна Бесими за МИА.