Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битолскиот градоначалник во еден ден смени четворица директори на јавни претпријатија

/

пред 1753 дена

Сподели преку :

По еден месец од доаѓањето на функцијата, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски смени пет директори на клучните јавни претпријатија во градот.

Во ЈП „Водовод“ на местото на Горан Козаров од СДСМ, назначен е Пеце Милевски, кој е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, а на локалните избори беше носител на листата за советници.

Две жени ќе раководат со јавните претпријатија „Комуналец“ и „Пазари“. За директор на ЈП Комуналец поставена е Гордана Наумовска која долги години работи во ова јавно претпријатије. Наумовска доаѓа на местото на досегашниот директор Панде Богоевски.

За директор на ЈП Пазари, пак, назначена е Соња Карапашовска, магистер по економски науки, професор во средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола и советник во претходниот мандат на Советот. Карапашовска е назначена на местото на Владе Атанасовски, кадар на ЛДП Битола.

Во ЈП Паркинзи за директор е назначен Горан Степановски кој беше советник во претходниот мандат на Советот.

Засега не е познато кој ќе раководи со КЈП Нискоградба, чиј актуелен директор е Методи Силјановски од ЛДП.

Коњановски треба да назначи директор и на индустриската зона „Жабени“ формирана во времето на бившата локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, како и во јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Зоолошката градина во Битола и Домот за стари лица „Сју Рајдер“, а промена се очекува и на директорската позиција во установата Културен и информативен центар – Битола, каде во моментов на позицијата директор е Сандра Котевска која неодамна ја назначи поранешната градоначалничка Наташа Петровска.

За смена на директорите во основите и средни училишта во градот од Општина Битола за Телма изјавија дека досега не е променет ниту еден директор, но промената на овие директори ќе оди етапно.

Мартин Николовски