Новиот ребаланс на буџетот не ги крати парите за изградба на патиштата, за пругата од Куманово до Бугарија пак парите се повлечени, а нов изведувач ќе се бара наредната година, најави Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по увидот во изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.











