Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британија воведува нови санкции: Може да држи авиони изнајмени од богатите Руси

/

пред 1684 дена

Сподели преку :

Обединеото Крластво објави серија нови санкции кои се однесуваат на руските авиони и извозот на вселенска и воздухопловна технологија.

Сега британските власти имаат право да ги задржат сите руски авиони во земјата или да утврдат дека тоа е кривично дело затоа што летале или слетале на територијата на Обединетото Кралство. Министрите рекоа дека овие санкции всушност се однесуваат на поединци блиски до Путин, а еден авион што слета на аеродромот Фарнборо веќе е под истрага.

Со санкциите се забранува и сиот британски извоз на воздушна технологија во Русија.

Објавувајќи ги новите мерки, министерката за надворешни работи Лиз Трус рече дека тие ќе нанесат дополнителна „економска болка на Русија и на оние блиски до Кремљ“. Таа додаде дека владата ќе продолжи да ја поддржува Украина и „да работи на изолација на Русија на меѓународната сцена“.

Санкции за олигарсите

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс рече дека Обединетото Кралство е „една од првите земји што го забрани слетувањето на руски авиони и сега оди чекор понатаму“.

„Сега одиме чекор понатаму, утврдивме дека прелетувањето на руски авиони низ британскиот воздушен простор е кривично дело. Ќе продолжиме да работиме за да го спречиме рускиот претседател Владимир Путин и неговиот близок круг да водат нормален живот додека се невини Украинците страдаат“, рече Шапс.

Уредникот на Би-Би-Си, Ник Ват, објасни дека санкциите не се насочени кон авионите во руска сопственост, на кои веќе им е забрането да летаат во ОК, туку „сивата зона“ на приватни авиони регистрирани во трета земја и изнајмени од богатите, Русите.

Тој рече дека авионот на приватниот аеродром Фарнборо е под истрага бидејќи властите веруваат дека го користел руски олигарх.