Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан сер Стјуарт Пич, ги поддржа македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и решавањето на спорот со Бугарија.
Тој два дена беше во Македонија, на средби со државниот врв, опозицијата, а имаше средби и со младите.
Во видео-порака вели дека од клучно значење е Македонија да остане посветена на спроведувањето на реформите.











