Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велика Британија со кампања за трета доза – со корона вирусот заразен и претседателот на Јужна Африка

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Бустер трети дози од вакцините против Ковид-19 ќе им бидат понудени на сите луѓе над 18 години во Велика Британија до крајот на овој месец , потврди британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласувајќи вонредна состојба во државата заради присуството на Омикрон варијантата на корона вирусот.

Четвртото ниво означува високо или растечко ниво на преносливост а последен пат кога Велика Британија беше на овој степен на аларм беше во Мај.

Досега десет луѓе во Англија заразени со Омикрон се хоспитализирани, потврди британскиот министер за здравство.

На британските граѓани им се препорачува од денеска да работат од дома доколку можат. Сите британски граѓани од 18 и повеќе години имаат право да се бустираат, доколку поминале најмалку 3 месеци од нивната втора доза.

Јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса добива третман за благи симптоми Ковид-19 откако вчера имал не се почуствувал добро и имал позитивен тест.

69 годишниот Рамафоса е целосно вакциниран и се изолирал во Кејп Таун. Научниците во Јужна Африка беа првите кои го секвенционираа и идентификуваа Омикрон сојот но засега нема детали дали Рамафоса е заразен со тој сој.

Никола Илиевски