Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок, а со солзи одржа говор на Оскарите

/

пред 1651 дена

Сподели преку :

На доделувањето на Оскарите се случи инцидент, кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејд Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит. Тој рече дека Џејд, која носи многу кратка фризура бидејќи има алопеција, личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“.

„Џејд, едвај го чекам вториот дел од тој филм“, рече Крис, а актерката ги преврте очите.

Нејзиниот сопруг Вил Смит прво рекол „не го земај името на мојата сопруга во уста“, а потоа станал, излегол на сцената и го удрил. И откако го удри, Вил Смит продолжи да повторува „не го земај името на мојата сопруга во уста“.

По инцидентот, Вил е награден за најдобра машка улога во филмот „Кралот Ричард“, а тој заплакал додека држел говор.

Погледнете го неговото обраќање и извинување до Академијата: