Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Во Братислава протести против новите мерки. Двајца полицајци се повредени, 9 лица се уапсени

/

пред 1783 дена

Сподели преку :

Двајца полицајци беа повредени со пиротехнички средства, а девет демонстранти беа уапсени во главниот град на Словачка за време на протестите против владините антиепидемиски мерки.

Во Чешка и Словачка, вчера беше национален празник по повод 32-годишнината од студентските протести кои во 1989 година ја започнаа Кадифената револуција против комунистичкиот режим.

 

Наместо вообичаената прослава, луѓето излегоа на улиците да протестираат против потезите на владата за борба против ширењето на епидемијата на ковид-19, барајќи крај на „диктатурата на коронавирус“, собирајќи се пред зградата на владата и другите државни институции во Братислава.