Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Градоначалникот на Чернихив објави видео од градот: Ова е целосен масакр

/

пред 1673 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео од автомобил кој минува низ градот и на кој се гледаат целосно уништени куќи, додека од некои од нив се уште извира густ чад.

Тој рече дека градските гробишта се полни и немаат каде да одат со мртвите.

 

„Ние ги чуваме мртвите во мртовечници подолго од потребното“

„Градските гробишта немаат повеќе простор, па ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници подолго од вообичаеното. Ги закопуваме луѓето на стари гробишта кои не се користеле извесно време“, рече Атрошенко во видеото додека се вози низ градот.

На прашањето на лицето кое го снимило видеото колку лица загинале досега, градоначалникот рече дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава обвинителството.

„Тука имаше директен удар. Таму гори трактор“, рече тој.

„Во моментов сме во воена зона. Многу е опасно да се биде овде“, рече тој.

Чернихив со недели е под силен напад на руските сили.