Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата предложи пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за ублажување на економската криза и ценовниот шок

/

пред 1684 дена

Сподели преку :

Владата донесе 26 мерки за олеснување на економската криза и ценовниот шок тешки 400 милиони евра. ДДВ-то за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата од 5 проценти ќе се намали на 0 проценти, а остнаува и замрзната маржата за основните производи освен за овошјето и зеленчукот.

Ќе се намали и ДДВ-то за струјата, топлинската енергија, и за горивата, како и акцизите за горивата. Но и двете мерки ќе стапат на сила откако ќе бидат усвоени во Собранието.

Меѓу мерките на владата за олеснување на ценовниот шок на граѓаните се најдоа и вредносни ваучери од по 1.000 денари за купување на основни продукти три месеци за 35.000 граѓани и за пензионерите.

Во паниката на бензинските пумпи– купувано по 5 пати повеќе гориво од редовниот промет, премиерот Ковачевски и Бектеши уверуваат нема застој во увозот од Грција

Сет мерки се донесени и за помош на стопанстовото во вид на како кредитни линии и субвенции.

Премиерот Димитар Ковачевски, презентирајќи го пакетот мерки кој го нарече најголем по Втората светска војна, рече дека буџетот е ликвиден и стабилен и може да ги финансира мерките, а има и доволно стокови резерви, но повика на штедење и без непотребните трошоци на институциите, локалните самоуправи и јавните претпријатија.