Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Властите се уште на истот став –влез во Македонија без негативен ПЦР тест

/

пред 2181 дена

Сподели преку :

ПЦР тестовите остануваат задолжителни само за македонските државјани кои ќе патуваат во дел од државите во регионот. Комисијата за заразни болести денеска не достави предлог до Владата за враќање на тестовите при влез во нашата држава со што на сила останува одлуката со која од вчера влезот во Македонија е слободен.

Владата инфромираше дека ја носи оваа одлука во рамките на регионална иницијатива и дека е поддржана од Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.  Инцијативата ја поддржаа сите а а ја спроведоа само Македонија и Косово.

Тестовите останаа задолжителни за македонските државјани доколку патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина како и за Бугарија. Без ПЦР тестови македонските државјани може да патуваат само во Косово и Албанија.

Од Илинденска пристигна и нова најава, откако тестовите останаа задолжителни во трите држави од регинот а тоа е дека ќе ја ревидира одлуката за укинување, нешто што на денешната седница не се случи.

Анализата на бројките на заболени и починати во регионот покажува дека во покрај Хрватска, висдоки бројки се регистрираат и во Бугарија и Црна Гора.

Во последните пет дена, без притоа да се вклучени и денешните статистики, најголем број на нови случаи и на жртви има во Бугарија – 2.237 новозаболени и 42 починати. Потоа е Босна и хрцеговина каде се регистрирани 1.762 новозаболени и 28 починати пацинети.
Македонија е на третото место на оваа црна статистика со 1.702 нови случаи и 25 жртви. Во Црна Гора има 1.256 новозаболерни  21 починати, во Албанија се регистрирани 840 ново заболени и петнаесет починати, Србија 661 нов случај и само 7 жртви и во Косово каде што има најмала бројка на заболени – 309 и девет починати.

Официјална Атина соопшти дека ги продолжува мерките за нови 12 дена и граничните премини на југот остануваат затворени за македонските државјани до 25 октомври.

Огнен Чанчаревиќ