Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Виена почнува конференција за „репатријација на мигранти“

/

пред 1686 дена

Сподели преку :

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер покани повеќе од 20 претставници на влади од ЕУ и од Западен Балкан во Виена на конференција за „репатријација на мигранти“.

Целта на дводневната конференција, која почнува денеска, е да се создадат сојузи за враќање на мигрантите кои имаат мали шанси за азил пред да стигнат до Централна Европа.

Минатата година во Австрија беа поднесени околу 40.000 барања за азил, што е над нивото од пред мигрантската криза во 2014 година.

Во Виена ќе пристигнат германскиот и францускиот министер за внатрешни работи, грчкиот министер за миграција, како и претставници на владите на Бугарија, Унгарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Идејата на Карнер е дека мигрантите, кои немаат шанси да добијат азил врз основа на нивното потекло, ќе бидат вратени директно од Балканот.