Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во ГОБ „8-ми септември“ останати уште неколку кревети на Инфективното, има најави за пренамена на дополнителни оддели

/

пред 1723 дена

Сподели преку :

Десетина нови хоспитализации и стотина прегледи е секојдневниот биланс во Градската општа болница „8-ми септември“.

Инфективното каде што обично се препраќаат потешките пациенти од секаде, веќе е речиси исполнето и за да има повеќе капацитети за нови пациенти ќе мора некое друго одделение да се пренамени како дополнителен капацитет за инфективни болести, за што има најави од менаџментот на болницата.

Сепак, притисокот е поголем во амбулантата за дневни прегледи на пациентите со симптоми, вели доктор Маја Василева Дугановска.

„Во последната недела се регистрира зголемен број на прегледи и зголемен притисок во амбуланта. Пациенти доаѓаат и со полесна клиничка слика, пред сè да направат анализи и да бидат прегледани соодветно. Но, покрај лесните случаи се уште доаѓаат пациенти и со тешка клиничка слика и за коишто има потреба од хоспитализација. Во последниве денови е зголемен бројот на хоспитализации и веќе нѝ се исполнуваат болничките капацитети. Располагаме со уште неколку слободни места. Предвидените капацитети за кратко време ќе се исполнат.“  – вели Маја Василева Дугановска, раководител на Инфективното одделение во ГОБ “8-ми Септември”

Во тек на едно осумчасовно работно време на инфектолошката амбуланта се бројат и до 120 дневни прегледи. Од болницата веќе има најави и дека некој оддел ќе стане импровизирано инфективно одделение за следниот бран на хоспитализации бидејќи периодов експресно пораснаа бројките на новозаразени.

Внатре се третираат најмногу невакцинирани пациенти. Во моментов има заразени со сите варијанти на вирусот, од Омикрон до Делта па затоа варира и клиничката слика кај секого.

„Хоспитализации имаме околу десет на дневно ниво. 90% од капацитети велам се исполнети болнички. Од нив половина се со тешка клиничка слика, а 3 пациенти се на CPAP маска на интензивна нега.“ – додава Василева- Дугановска.

Во меѓувреме од Министерството за здравство информираа дека според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица ширум државата, a од нив 81% се луѓе кои сè уште не добиле вакцина.

Петар Догов