Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Софија преговори на експерти од македонското и бугарското МНР

/

пред 1696 дена

Сподели преку :

Во Софија се одржа четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, ангажирани во дијалогот по трн. пакет на политички прашања.

Според македонското МНР, средбата поминала во конструктивна и отворена атмосфера. Биле разгледани последните предлози испратени минатата година од страна на Македонија во одговор на предлозите на бугарската страна кои беа доставени во септември минатата година.

Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање на заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда.

Следниот круг на експертски разговори ќе се одржат во најскоро време во Скопје.