Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Србија заразени 13.753 за 24 часа, над 13.000 починати од почеток на епидемијата

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Во последните 24 часа во Србија тестирани се 33.163 лица, од кои 13.753 биле позитивни на коронавирус. Ова е најголем број на новозаразени во Србија на дневна основа од почетокот на епидемијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Според официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Србија, во вторникот за првпат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, вчера беа регистрирани 12.877 лица, а денешниот рекорд изнесува 13.753 новозаболени граѓани.

Како последица на заразата во изминатите 24 часа починале 19 лица, со што Србија ја надмина бројката од 13.000 починати од Ковид-19 или вкупно досега се починати 13.003 лица.

На лечење по болниците во Србија се наоѓаат 2.340 пациенти, а 96 се на респиратор.

Редиците пред ковид амбулантите не се намалуваат и бројот на нови пациенти се повеќе расте.

Поради се потешката епидемиска состојба, откажана е прославата на српската Нова година (Василица) на плоштадите во Белград, Ниш, Чачак и Лесковац, а за утре е закажана седница на Кризниот штаб.

Докторот на биолошки науки и директорка на Институтот за молекуларна генетика и генетско инженерство, Јелена Беговиќ, за РТС изјави дека омикронот е во Србија,и тој е позаразен и лесно се шири.

  • За среќа, има индиции дека останува во грлото и носот, помалку ги напаѓа белите дробови, се менува и менува некои свои карактеристики во однос на органите што ги напаѓа. Добро е да се тргне од белите дробови, што беше главниот проблем со делта сојот изјави Беговиќ.