Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во струмичката болница нема празни кревети за пациенти со КОВИД 19

/

пред 2181 дена

Сподели преку :

Струмица останува без резервни капацитети за прием на пациенти позитивни на КОВИД – 19. Струмичката болница ги пополни дневниот ковид центар и инфективното одделение, нема место за нови пациенти. Во моментов се уште не е почната изградбата на монтажната болница и засега нема информации кога би почнале градежните активнпости, па Струмица е во незавидна состојба во услови кога бројот на заболени секојдневно расте.

И од општата болница алармираат дека ситуацијата е сериозна. Се бара и простор но и кадар, бидејќи дел од медицинскиот персонал е позитивен на корона – вирусот, а има и во самоизолација. Директорот Наќе Гогов вели дека ќе се повлекуваат и специјализанти.

Бројот на позитивни случаи во струмичко е околу 250, а во целиот Југоисток околу 450. Според епидемиолозите, до пред две седмици најголемиот број заболени биле млади до 30 години, а сега старосната граница е многу повисока, со што сметаат дека се појавиле голем број семејни гластери.

Сузана Мицева