Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Тетово само тројца верници учествуваа во традицијата на спуштање на светиот крст

/

пред 1719 дена

Сподели преку :

Во црковниот базен во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово денес влегоа тројца верници, кои за првпат решиле да бидат дел традицијата на спуштање на светиот крст. Најсреќен меѓу нив беше 44-годишниот Гоце Ристовски, а учествуваше и 18-годишно момче. Верниците велат дека традицијата треба да ја продолжат младите.

Со денешниот празник Богојавление – Водици  му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството, кое според свештените лица е обврска на секој верник.

На чинот на положување на крстот му претходеше света арихиерејска литургија и режење на кумските колачи во црквата Св. Кирил и Методиј.

Данијела Билбилоска