Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија воведува поригорозни мерки за да се запре ширањето на Омикрон варијантата

/

пред 1740 дена

Сподели преку :

Голем број германски покраини се соочуваат со построги антиковид мерки, и на приватни и на јавни места, со цел да се запре ширењето на новиот бран што го предизвика варијантата Омикрон.

Собирите во затворен и отворен простор се ограничени, а спортските сали, базените, ноќните клубови и кината ќе бидат затворени во неколку земји, додека работното време на рестораните ќе биде пократко, објави „Гардијан“.

Новогодишниот огномет, кој најчесто е од приватни куќи и од повеќето германски улици и плоштади, се откажува втора година по ред.

Меѓутоа, мерките се разликуваат кога станува збор за вакцинирани и невакцинирани.

Приватните собири се ограничени во областите каде што не беа воведени мерки пред Божик до максимум 10 лица, за вакцинирани и закрепнати од Ковид.

Кога станува збор за невакцинираните, од едно домаќинство може да се соберат најмногу две лица, додека од овие мерки се исклучени децата до 14 години.

Обврската за носење маски, воведена пред речиси една година, останува на сила во продавниците и јавниот превоз, а потребно е да се покаже потврда за вакцинација во објекти каде што можат да влезат само вакцинирани лица.

Во Германија 71 отсто од граѓаните досега примиле две дози од вакцината, а 36 отсто примиле и бустер доза.