Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија планира да воведе задолжителна вакцинација за некои работни места

/

пред 1762 дена

Сподели преку :

Идната германска влада сака од 16 март да ги направи вакцините против коронавирус задолжителни за сите вработени во болниците, домовите за стари и изнемоштени лица и другите здравствени установи, според нацрт-закон во кој имале увид некои агенции.

Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од зголемен недостиг на медицински персонал и негуватели. Но, поддршката за овој потег порасна откако земјата се соочи со пораст на случаи на инфекција во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои се подготвуваат да формираат нова германска влада во среда, планираат следната недела да го поднесат новиот закон во Парламентот.

Во нацртот се наведува дека вработените во споменатите области до 15 март ќе треба да докажат дека се вакцинирани против коронавирус, дека прележале Ковид-19 или да приложат потврда дека не можат да се вакцинираат.