Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија со рекорден број новозаразени од коронавирус

/

пред 1791 дена

Сподели преку :

Во Германија трет ден по ред има рекорден број новозаразени со коронавирус.

Според Институтот „Роберт Кох“, утринава биле пријавени 39.676 новозаразени лица, бројка што Германија досега ја немала.

Поради тој раст, вирологот Кристијан Дростен посочува дека „дупката во вакцинацијата“ мора да се затвори и дава застрашувачки прогнози за зимата.

Претходниот рекорд беше поставен во петокот со 37.120 новозаразени. Рекорди по дневна инциденца се регистрирани и во понеделникот и во вторникот.

Исто така, загрижувачки е и бројот на починати заразени со коронавирус, бидејќи во изминатите 24 часа починале 236 лица.

Дростен нагласува дека е потребно нешто да се направи и дека сигурно ќе мора да има ограничување на контактите меѓу луѓето.

„Ние сме во лоша ситуација. Имаме 15 милиони луѓе кои можеле да се вакцинираат, а не се вакцинирани“, рече тој.