Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германски експерти ќе помогнат во истрагата за причините за пожарот во Тетово

/

пред 1849 дена

Сподели преку :

Германски експерти од Федералната криминалистика Bundeskriminalamt пристигнуваат деновиве во Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово.

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.