Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гинцбург: Спутник В е ефикасна против различните соеви коронавирус

/

пред 1996 дена

Сподели преку :

Руската вакцина „Спутник В“ е ефикасна против британските, јужноафриканските и бразилските соеви на Ковид-19, изјави денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеј“, Александар Гинцбург.

„Во однос на соевите за кои денес се дискутира, како што се британските, јужноафриканските и бразилските соеви … можеме со сигурност да кажеме дека Спутник В обезбедува заштита од добро познати соеви кои во моментот се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал“, рече Гинцбург за рускиот ТВ канал Еден.

Сепак, рускиот научник додаде дека не може да има целосна гаранција дека вакцината ќе обезбеди заштита од сите видови што можат да се појават во иднина.

Коментирајќи го сибирскиот сој САРС-КоВ-2, Гинцбург рече дека центарот „Гамалеј“ не го проучувал.

„Очигледно, нашите колеги од Роспотребнадзор (Руската федерална служба за надзор на заштитата на потрошувачите и човечката благосостојба) го проучуваа ова и се надевам дека ќе создадат филогенетски стебла кои илустрираат како овие нови мутации, овие нови соеви се поврзани со оние што веќе циркулираат меѓу нашето население“, посочи Гинцбург.